Том Круз изведе уште една „невозможна“ мисија за затворањето на Летните олимписки игри. Славниот актер го одведе Олимпиското знаме од Париз во Лос Анџелес на начин на кој само тој може.
62-годишниот актер најпрво застана на врвот на стадионот Стад де Франс, а потоа изведе импресивен скок, слетувајќи на теренот. Филмската ѕвезда го презеде олимпиското знаме од гимнастичарката Симон Бајлс и возејќи се со мотор низ Париз замина на патување до Лос Анџелес.
Во претходно подготвеното видео, Круз скока од авионот и слетува кај познатиот знак Холивуд, додавајќи му уште три Олимписки прстени.
Знамето оттука го презема Олимпијката Кејт Кортни и патувањето продолжува до плажата Венис.
Видео:
Оваа точка симболично најави дека следните Летни олимписки игри ќе се одржат во Лос Анџелес.
Том е познат по опасните акробации кои ги прави за филмските улоги, бидејќи не користи двојници и сам ги изведува сите ризични сцени.