Тејлор Свифт сними интересно интервју за „Вог“. Популарната пејачка ги отвори вратите од својот дом и ги прошета камерите наоколу, додека во меѓувреме одговараше на 73 прашања за модната библија.
Во краткото видео, 26-годишната музичка ѕвезда признава дека би сакала да тарашка низ плакарот на Блејк Лајвли, открива дека најтешката песна која ја има изведено на сцена е „The Best Day“, бидејќи е посветена на нејзината мајка која е болна од рак. Кога беше прашана која според неа е најважната животна лекција која секој треба да ја знае, Свифт одговори: „Постои карма“.
Славната музичарка откри и дека најубавиот подарок кој некогаш го добила e од Калвин Харис. Станува збор за маслиново дрвце коe тој го засадил во нејзиниот двор за Божиќ.
Тејлор е главната ѕвезда од мајското издание на познатото модно списание.
