Лејди Гага знае како да го привлече вниманието и на нејзините обожаватели и на оние коишто не можат да најдат смисла во тоа што го прави.
Вчера беше промовиран нејзиниот најнов спот за песната „Alejandro“. Останувајќи доследна на својот стил, Гага и овој пат сними контроверзни сцени. Спотот што трае 8 минути и 34 секунди започнува со Лејди Гага која е на погреб, а во рацете носи човечко срце со буквата „А“ врз него. Потоа следуваат танци со полуголи мажи, калуѓерска облека, градник со автоматски пушки, симулација на секс...
Спотот е режиран од Стивен Клеј, којшто е познат по неговата соработка со Мадона. „Alejandro“ е третиот сингл од последниот албум на Гага, The Fame Monster.
Претходните спотови на Лејди Гага за песните „Paparazzi“, „Bad Romance“ и „Telephone“ долго време беа дискутирани и сè уште се едни од најгледаните видеа во светот на музиката, па најновиот спот најверојатно нема да биде исклучок.
За големата популарноста на Гага говори и фактот што таа е единствената ѕвезда која успеала да достигне повеќе од 1 милијарда покажувања на нејзините музички спотови онлајн.