Сé повеќе и повеќе цртани филмови на Дизни започнуваат да добиваат своја филмска верзија. Овој пат Дизни им дозволи на обожавателите да ѕирнат во новиот филм кој ја раскажува добро познатата приказна за момчето од џунглата – Могли.
Бил Мареј, Скарлет Јохансон и Лупита Нионго се дел од филмската екипа на „Книга за џунглата“, кој ќе започне да се прикажува во кино салите во април следната година. Главната улога ја доби 10-годишниот Нил Сети кој ќе влезе во улогата на Могли.