Телевизијата „Lifetime“ сними нов филм за Меган Маркл и принцот Хари, која ја раскажува приказната по нивното заминување од палатата и одделувањето од кралското семејство.
Вчера, беше објавен првиот трејлер, во кој е прикажан и дел од нивното отворено интервју за Опра Винфри.
„Гледам како буквално те гонат до смрт, а јас сум немоќен да го спречам тоа“ – ѝ вели Хари на Меган во трејлерот. „Не сите бајки имаат перфектен крај“ – пишува на крајот.
Премиерата на филмот е планирана за оваа есен. Актерката Сидни Мортон влегува во улогата на Меган, додека Џордан Дин ќе го портретира принцот Хари.
Меган и Хари стапија во брак во 2018 година. На почетокот од месецов, тие го добија второто дете – ќеркичката Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор. Парот има и 2-годишно синче, Арчи.