Денес беше објавен трејлерот за првиот филм снимен под режисерската палка на Анџелина Џоли.
Видеото кое трае две и пол минути прикажува комплицирана љубовна врска помеѓу Босанка (Зана Маријановиќ) и Србин (Горан Костиќ) во текот на војната во Босна. Насловот на филмот е „In The Land Of Blood and Honey“, а самата приказна е напишана од Џоли.
Досега Анџелина ја имаме видено во улогите на секс симбол, актерка со оскаровски способности, мајка и филантроп, но новиот филм ќе ни даде можност да ја видиме и во улогата на режисер.
Филмот ќе ја доживее својата премиера на 23 декември.