Португалија е големиот победник на Евровизија. 27-годишниот Салвадор Собрал со поп-џез хитот „Amar Pelos Dois“ ја освои евровизиската публика.
Талентираниот Португалец со многу емоции ја изведе песната напишана од неговата сестра Луиза.
„Музиката е чувства“ - изјави Салвадор по победата.
Погледнете го победничкиот настап:
На второто место застана 17-годишниот Кристиан Костов од Бугарија со „Beautiful Mess“.
Македонија, која беше претставувана од Јана Бурческа и „Dance Alone“, не успеа да влезе во финалната трка до трофејот.