Евровизија 2017 не помина без инциденти. На финалната вечер од музичкиот натпревар, на сцената се качи маж, кој се соблече и го покажа својот задник пред милионската публика. Тој беше завиен со австралиското знаме.
Обезбедувањето брзо реагираше и го одведе шегаџијата од сцената.
Инцидентот се случи за време на настапот на минатогодишната победничка Џамала, која без никаква реакција продолжи со својата изведба.
Подоцна, стана јасно дека всушност се работи за Виталиј Сејдук, познат натрапник на холивудските свечености и YouTube ѕвезда, чии шеги многу често се невкусни.
Но, казната која му следува за неговата последна „шега“ можеби малку ќе го опамети. Странските медиуми пренесуваат дека за инцидентот на евровизиската сцена, Виталиј може да одлежи пет години во затвор.
Бред Пит, Ким Кардашијан, Џиџи Хадид и Бредли Купер се дел од славните личности кои биле „жртви“ на шегите на Виталиј.