Евровизија заврши со победата на Португалецот Салвадор Собрал. Нашата претставничка Јана Бурческа не успеа да ни обезбеди место во финалето, иако имаше огромна поддршка од евровизиската публика.
Денес беа објавени табелите со рангирањето на учесниците во полуфиналните вечери и стана јасно на кое место остана Јана и кои земји ѝ дадоа поени на Македонија.
Имено, во втората полуфинална вечер, Јана заврши на 15-то место со вкупно 69 поени. Од нив, 40 поени беа од гласањето на публиката, додека 29 поени од стручните жирија.
Публиката од Бугарија ни даде 12 поени, потоа на табелата е Србија со 10 поени, а следуваат Хрватска со 6 поени, Израел со 5 поени, Сан Марино со 4 поени и Швајцарија со 3 поени.
Стручните жирија од Малта и Франција ни доделија по 8 поени, жирито од Србија ни даде 5 поени, жиријата од Украина и Норвешка имаа за нас по 3 поени, додека унгарското жири ни даде 2 поени.
Македонската публика најмногу поени ѝ даде на Србија (12). На Бугарија ѝ даде 10, на Хрватска 8, на Израел 7, на Унгарија 6, на Швајцарија 5, на Естонија 4, на Романија 3, на Холандија 2, а на Ирска 1.
Македонското жири ги почести Бугарите со 12 поени, а Романците со 10 поени.