Петар Грашо беше изненадувањето на вечерта на свадбата Лиам Стјуарт и Никол Артуковиќ.
48-годишниот хрватски пејач неочекувано се појави пред среќните младенци и нивните гости, а невестата не можеше да си ја сокрие среќата кога го виде. Двајцата се прегрнаа и заедно ја пееја песната „Ako te pitaju“.
Видео од настапот сподели и самиот Грашо. Тој напиша:
„Среќен сум што бев дел од оваа преубава вечер... музика, радост и по некоја солза-радосница... Никол и Лиам Стјуарт среќно“.
Синот на легендарниот пејач Род Стјуарт и неговата избраничка стапија во брак во Дубровник, Хрватска. Тие заедно имаат едногодишен син.