Излезе и првиот трејлер за новиот филм на Роберт Патинсон и Рис Витеспун, „Water For Elephants“. Се претпоставува дека ќе има голем интерес за филмот и тоа не само од страна на обожавателките на Патинсон.
Во „Water For Elephants“, 24-годишниот актер влегува во улогата на студент по ветерина кој по смртта на неговите родители бега од дома и му се придружува на еден циркус. Таму ја запознава убавата Витерспун која настапува со животни и веднаш се заљубува во неа. Нивната љубов е забранета, затоа што Витерспун во филмот е омажена.
Филмот е сниман според бестселерот со исто име и ќе се излезе во април наредната година.