Џенифер Анистон и Рис Витеспун присуствуваа на премиерата на нивната нова мини-серија „The Morning Show“.
На свеченоста во Њујорк, двете дами носеа црни креации. 50-годишната ѕвезда од „Friends“ беше облечена во долг фустан со потпис на Џејмс Галанос, а 43-годишната протагонистка во „Legally Blonde“ избра блескав припиен фустан од Селин.
Славните актерки позираа и со Тим Кук.
„The Morning Show“ ќе се прикажува на новата платформа Apple+.