Приказната „Пепелашка“ наскоро ќе биде раскажана на големото филмско платно. Новиот трејлер за филмската верзија на познатата бајка ни дава можност да ѕирнеме во романтичните средби на Ела и шармантниот принц.
Визуелниот спектакл ја следи приказната за Ела (Лили Џејмс), девојка која е малтретирана од маќеата (Кејт Бланшет) и двете полусестри (Софи Макшера и Холидеј Грејнџер). Улогата на принцот му припадна на ѕвездата од „Game of Thrones“, Ричард Меден. Талентираната Хелена Бонам Картер ја носи магијата во филмот, помагајќи ѝ на главната хероина да замине на балот со кочија и зашеметувачки син фустан.
Дизни ќе го претстави новиот филм на 13 март.