Мајли Сајрус очајно сака да покаже дека е палава девојка која не се срами да биде провокативна. Но, нејзиниот настап на MTV VMA ја премина границата на палавост и премина во вулгарност.
Провокативните движења на музичката ѕвезда облечена во латекс бикини, а особено „тверкинг“ танцот со Робин Тик оставија многумина со отворени усти и со смрштени фаци.
20-годишната пејачка го започна настапот со „We Can't Stop“. Подоцна на сцената ѝ се придружи Робин Тик со кого го изведоа летниот хит „Blurred Lines“.
Погледнете го најозборуваниот настап на MTV VMA: