Почетна » Новости » Шоу-бизнис » МРТ нема да ја повлече Андреа од Евровизија, се дискутира догодина да не учествуваме на фестивалот

МРТ нема да ја повлече Андреа од Евровизија, се дискутира догодина да не учествуваме на фестивалот

По скандалот со фрлањето на знамето од страна на нашата претставничка Андреа на отворањето на Евровизија, МРТ донесе одлука да не интервенира пред настапот и да преземе мерки по враќањето на делегацијата од Торино.

Јавниот сервис соопшти и дека се дискутира можноста МРТ догодина да не учествува на музичкиот фестивал.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Македонската Радио Телевизија, по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих и по првичното Соопштение кое што беше објавено по реакциите на јавноста, детално ги разгледа сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија. Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа.

Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.

Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија.

Андреа побуди силни реакции кај јавноста откако понесена од еуфоријата го фрли македонското знаме на земја за да позира пред фоторепортерите. Младата пејачка се извини за инцидентот и посака да продолжиме на евровизиското патување со позитива.

Сакам да направам една кратка изјава од отворањето, затоа што видов што се пишува по медиумите и едноставно не ми се верува, затоа што последниве неколку дена единственото нешто што го правев е гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.

Но, во момент каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа, побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше стварно навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не беше од омраза, затоа што јас сум горда што доаѓам од тука, затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова...

Навистина сум тука за да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива. Тука сме да уживаме, тука сме да делиме страст и се надевам дека можеме така да поминеме.

Не ми беше никаква намера да навредам некој. Ако го направив тоа, се извинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека можеме навистина да поминеме со ова.

Скандалозниот момент

Андреа

Настапот на Андреа ќе го видиме утре и ќе дознаеме дали ќе се пласираме во големото финале.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19748 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.