Мадона не успеа да ги задржи солзите на сцената во Стокхолм, додека со емотивен говор им оддаде почит на невините жртви во терористичките напади во Париз.
57-годишната музичка ѕвезда низ солзи им се обрати на посетителите, признавајќи дека ѝ било многу тешко да пее и танцува еден ден по трагичните убиства и бесмисленото прекинување на драгоцени животи во француската метропола.
„Се чувствувам растргната. Зошто сум тука на сцената танцувајќи и забавувајќи се кога луѓе плачат поради загубата на свои сакани? Но, токму тоа тие лица сакаат да го направат, сакаат да нè замолчат. Нема да им дозволиме. Никогаш нема да им дозволиме, бидејќи има моќ во единството“ – вели Мадона.
По впечатливиот говор, Мадона побара од публиката едноминутна тишина, а потоа ја исполни „Like a Prayer“.