Средбите на Каролина Гочева со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски секогаш завршуваат со песна.
39-годишната пејачка сподели видео во кое ја изведува песната „Празно е без оваа љубов“ додека Дуке и Исмаил ја придружуваат на пијано и кларинет.
„Празно е без оваа љубов“ е композиција на покојниот татко на Дуке, Тодор Бојаџиев.
Видеото е снимено во Њујорк.
Каролина со сопругот Михаил Корубин веќе неколку недели престојува во Њујорк по повод неговата изложба, која ја посетија и Дуке и Исмаил.