Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски преработија 11 македонски постари композиции и истите ги „спаковаа“ во еден прекрасен албум, насловен „Песни за љубов и копнеж“.
Тројцата македонски музичари во нов аранжман ги снимија делата на автори како Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев и Љубомир Бранѓолица.
Слушнете ги сите песни од новиот албум на нашите маестрални изведувачи, кои во изминатите три дена одржаа пет концерти во Филхармонија: