Пенелопе Круз блесна на премиерата на својот нов филмски проект „La Reina De España“ во Мадрид. На прикажувањето на филмот, 42-годишната актерка ја доби поддршката од својата сестра Моника.
Славните сестри привлекуваа погледи во модерни креации. За овој важен настан, Пенелопе избра елегантен фустан од Версаче, додека нејзината сестра се појави во црн фустан со длабоко деколте.