Елена Ристеска доживеа нова трансформација во шоуто „Твоето лице звучи познато“. Македонската пејачка ја имитираше хрватската ѕвезда Нина Бадриќ и настапи со песната „Takvi kao ti“.
Пред настапот Елена изјавила дека овој пат е на свој терен и дека лесно ѝ одат подготовките за новата епизода. „Со оглед на тоа што ја добив песната „Takvi kao ti“, која е една од моите омилени песни од Нина Бадриќ, воопшто не ми е тешко да се подготвам за настапот“ – рекла таа за српската телевизија Prva.