Викторија Бекам беше гостинка во шоуто на Џејмс Корден. 42-годишната поранешна членка на Spice Girls запеа повторно во сегментот „Carpool Karaoke“ заедно со познатиот водител, забавувајќи се на песната „Spice Up Your Life“.
Славното дуо пресоздаде сцени од познатиот филм „Mannequin“ кој првпат беше прикажан пред точно 30 години во 1987 година. Во видеото, славната дизајнерка е кукла, која оживува во очите на Корден и во која тој подоцна се вљубува.