Најчесто Лејди Гага ги изненадува своите обожаватели со оригинални модни комбинации, но на концертот во Минесота, Гага ја изненадила публиката со нова песна која треба да се појави на нејзиниот нареден албум.
Песната „Living On The Radio“ е прекрасна балада, чиј текст може да се каже дека е како автобиографија на Лејди Гага, затоа што го опишува нејзиниот начин на живот. Таа пее за осамените ноќи кои ги минува далеку од домот и кратките контакти што ги има со пријателите и своите обожаватели додека патува низ светот.
„Living On The Radio“, како и „You and I“, се претпоставува дека ќе бидат дел од претстојниот албум на Гага, којшто некои веќе го нарекуваат „шокантен“.