Светот деновиве го слави големиот празник Велигден. Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од шарени јајца, впечатливи декорации, богати трпези и семејни и пријателски средби.
Ѕвездите не пропуштија да споделат со своите обожаватели како ги поминаа празничните денови.
Адријана Лима
Адријана Лима славеше со двете ќерки – Валентина и Сиена.







Шакира
Шакира сподели фотографии од бојадисани јајца, но и од бојадисаните лица на нејзините сакани – сопругот Пике и синовите Саша и Милан.


Бијонсе
Тина Ноулс објави фотографија на која позира со славната ќерка Бијонсе и добрата пријателка Кели Роланд.

Викторија и Дејвид Бекам
Викторија им го честита Велигден на своите фанови со фотографија на која позира со маска-зајак и костим за капење, додека нејзиниот сопруг го направи истото со фотографија на која позира со слатко пиле.


Ким Кардашијан и Кание Вест со Криси Тиген и Џон Леџенд
Ким Кардашијан, Кание Вест со децата Норт и Сент се релаксираа на иста забава заедно со Криси Тиген и Џон Леџенд и нивната ќерка Луна.
Татковците си забавуваа најмалите облечени во костими како зајаци.










Софија Вергара
Софија Вергара организираше голема забава покрај базен со сопругот Џо Манганиело и многу пријатели.






Мараја Кери и Ник Канон
Поранешните брачни партнери го поминаа Велигден заедно со своите близначиња.

Сара Џесика Паркер
Ѕвездата од „Сексот и градот“ сподели како изгледаа нејзините велигденски јајца.
