По долгата пауза, Брендан Фрејзер се враќа во филмската индустрија. 53-годишниот актер моментално го промовира новиот филм „The Whale“, во кој глуми со младата и талентирана Сејди Синк.
На премиерата во Лондон, Брендан пристигна со партнерката Џин Мур, која носеше син фустан со длабоко деколте од Каролина Ерера.
По завршувањето на филмот, Фрејзер доби овации и не можеше да си ги задржи солзите. Ова е негов прв филм по долгогодишната борба со депресијата.
За маестралната глума, Брендан доби громогласен аплауз и на Филмскиот фестивал во Венеција.
Фрејзер е најпознат по улогата во филмскиот серијал „The Mummy“.