Џенет Џексон и Висам Ал Мана за кратко време ќе станат родители. Иако 50-годишната музичка ѕвезда не е често мета на папараците, деновиве беше фотографирана во Лондон, а нејзиното трудничко стомаче се истакна и покрај широката темна облека.



Во април, славната пејачка по препорака на докторите ја откажа својата светска турнеја „Unbreakable“. Таа преку видео на социјалните мрежи им се обрати на своите фанови за да им се извини што ја одложува турнејата и да им соопшти дека со сопругот планираат да основаат семејство.„Сметав дека е важно вие да бидете први што ќе дознаете. Јас и мојот сопруг планираме да основаме семејство, па морам да ја одложам турнејата. Ве молам да разберете дека ми е важно да го направам ова сега. Докторите ми наредија да одмарам“ – вели Џенет во видеото.
Видео
A message from Janet...https://t.co/KrzYZ4eyvD
— Janet Jackson (@JanetJackson) April 6, 2016





Џенет и 41-годишниот бизнисмен тајно стапија во брак во 2012 година, а ја потврдија веста на почетокот на 2013 година. Ова е трет брак за Џексон.



