Марго Роби наскоро ќе стане мајка.
34-годишната актерка беше фотографирана додека уживаше на одмор на Сардинија со сопругот Том Акерли. Ѕвездата од „Barbie“ носеше распетлана бела кошула од која ѕиркаше нејзиното пораснато стомаче додека се шеташе низ Порто Черво.
Веста дека Марго е бремена се рашири на почетокот на јули, кога таа беше фотографирана со трудничко стомаче во Италија. Извор близок до парот за People рекол:
„Семејството многу им значи на двајцата и уште на почетоците од врската тие знаеја дека сакаат да бидат родители. Некое време ја криеја веста, но се среќни што сега се дозна“.
Роби и Акерли се запознаа на сетот на „Suite Française“ во 2013 година, а следната година започнаа да се состануваат. Тие стапија во брак во 2016 година.