Бредли Купер и Ирина Шајк сложно ги делат родителските обврски. Додека таа дефилираше на спектакуларното шоу на Victoria’s Secret, Бредли се грижеше за нивната ќеркичка.
49-годишниот актер беше фотографиран на прошетка со 7-годишната Леа во Њујорк. Славниот татко го држеше за рака слаткото девојче, кое носеше широка јакна.
Славната Русинка изгледаше фантастично во црна долна облека и наметка со ѕвезди.
Првиот пат кога Ирина дефилираше на шоуто на VS, беше бремена со Леа. Токму на модната писта таа ја откри веста дека ќе стане мајка.
Видео:
Дел од шоуто на Victoria’s Secret беше и Џиџи Хадид, која е во врска со Купер околу една година.
Ирина и Џиџи имаат добри пријателски односи.
Шајк и Купер беа заедно четири години, од 2015 до 2019 година.