Бредли Купер ги собра на едно место трите најважни дами во неговиот живот. Славниот актер беше фотографиран кога пристигна на одмор на Сардинија со ќеркичката Леа, мајка си Глорија и девојката Џиџи Хадид.
Папараците го следеа секој нивни чекор, од слегувањето од авионот, до качувањето на бротче за да се упатат кон местото на престој.
Ова е првпат, Џиџи да биде видена во друштво на малата Леа.
Откако неколку месеци се зборуваше за романса помеѓу нив, Бредли и Џиџи за првпат се појавија во јавност фатени за рака во јануари оваа година.
Бредли ја има ќеркичката Леа од врската со Ирина Шајк.