Бредли Купер зачекори во шестата деценија од животот.
На 5 јануари, холивудскиот заводник го прослави својот 50-ти роденден во најубавото друштво. Тој ја одведе својата 7-годишна ќеркичка Леа на спортски натпревар каде ги привлекоа објективите на фотографите.
Слатката Леа со широка насмевка го следеше мечот покрај својот славен татко.
Од вчера, во Лос Анџелес се шири страшен пожар, а домот на Бредли е само еден од многуте во оваа област кои се во опасност. Досега се евакуирани над 30.000 лица, а 200.000 се без струја.
Леа е единственото дете на Бредли и Ирина Шајк, кои беа во врска четири години. Тие раскинаа во 2019 година.
Во својата кариера, Бредли има снимено многу филмови, а минатата година влезе и во улогата на режисер на филмот „Maestro“.