Почетна » Новости » Актуелно » „Најневеројатна сопруга и мајка“: Принцот Вилијам со честитка за роденденот на Кетрин по битката со ракот

„Најневеројатна сопруга и мајка“: Принцот Вилијам со честитка за роденденот на Кетрин по битката со ракот

Денес, принцезата Кетрин го слави својот 43-ти роденден.

По тој повод, принцот Вилијам објави топла честитка за својата сакана сопруга, заедно со фотографија на која таа позира насмеана.

„До најневеројатната сопруга и мајка. Силата која ја покажа во изминатата година е извонредна. Џорџ, Шарлот, Луј и јас сме многу горди на тебе. Среќен роденден Кетрин. Те сакаме“ – стои во пораката.

Принцезата Кетрин

Кетрин доби честитка и од кралот Чарлс и кралицата Камила. На официјалниот профил на кралското семејство беше објавена фотографија од Кетрин со пораката: „Среќен роденден на принцезата од Велс“.

Принцезата Кетрин

Голем дел од 2024 година Кетрин го помина во борба со ракот. Во јануари, нејзе ѝ беше направена операција на стомакот, по што беше дијагностицирана страшната болест.

Во септември, таа објави дека заврши со примањето на хемотерапијата.

Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21384 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.