Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Студира за да биде медицинска сестра, девојка е на НБА ѕвезда... Аби Стокард е новата Мис Америка

Студира за да биде медицинска сестра, девојка е на НБА ѕвезда... Аби Стокард е новата Мис Америка

Аби Стокард победи на овогодишниот избор за Мис Америка, кој се одржа во Орландо, Флорида.

22-годишната студентка, која во јуни стана Мис Алабама, сега беше крунисана за Мис Америка. Синооката убавица победи повеќе од 50 учеснички за да ја добие посакуваната круна.

„Ова е лудо. Не знам што направив за да го заслужам ова“ – рече таа.

Аби Стокард Аби Стокард Аби Стокард Аби Стокард Аби Стокард

Видео

Аби е во последната година од нејзините студии за да стане медицинска сестра и е поранешна мажоретка. Таа му е девојка на кошаркарот Вокер Кеслер, кој важи за еден од најдобрите млади центри во НБА лигата.

Неговата реакција на победата на Аби стана хит на социјалните мрежи.

„Честитки Аби! Се гордеам со тебе и со сè што застапуваш. Твојата напорна работа и вербата во Бог те награди со оваа неверојатна можност. Искористи ја твојата светлина за да ги осветлиш другите околу тебе. Те сакам“ – напиша тој. Аби Стокард Аби Стокард Аби Стокард

Стокард е четврта убавица од Алабама која има победено на изборот за Мис Америка. Таа една година ќе биде бренд амбасадор на организацијата „Мис Америка“ и ќе ја користи таа платформа за нејзината филантропска цел „Be the Change - Find a Cure: Cystic Fibrosis Awareness“.

Аби Стокард Аби Стокард Аби Стокард

Аби ја започнала својата мисија за подигнување на свеста за цистичната фиброза откако се запознала со нејзината најдобра пријателка Меди во трето одделение. Меди страда од цистична фиброза, а Аби ѝ ветила дека ќе направи сè што е во нејзина моќ да за се бори за неа и за другите лица кои страдаат од оваа генетска состојба.

„Меди е моја инспирација. Таа ме научи на вистинското значење на издржливоста и ми покажа дека животот на Земјата е скапоцен. Мојата влијателна позиција ми овозможи да бидам гласот на заедницата со цистична фиброза и да постигнам многу повеќе отколку што некогаш можев да замислам. Се надевам дека лек ќе биде пронајден во овој животен век и нема да престанам да се борам додека тоа не се случи“ – напиша Аби.

Аби Стокард

Победничката добива 50 илјади долари стипендија. Нејзина цел е да специјализира педијатрија.

Аби Стокард Аби Стокард

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21384 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.