Шарлиз Терон одлично ја започна новата 2025 година.
49-годишната актерка отпатува во Лос Кабос во Мексико каде уживаше под топлите сончеви зраци и се насладуваше на убавините на ова прекрасно место.
Атрактивната филмска ѕвезда го истакна своето витко тело во црни костими за капење.
Таа беше во друштво на мајка си Герда и ќерката Огуст, а папараците не пропуштија да ги „уловат“ овие семејни моменти.
Терон има две посвоени деца, Џексон и Огуст.