• Понеделник, 06 Јануари 2025 16:31
Синоќа, во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес, се одржа 82-то доделување на наградите Златен глобус.
Модата на овогодишниот настан беше совршен спој на класичен холивудски гламур и современи стилски елементи. Дамите се истакнаа со безвременски фустани, уникатни текстури и инспиративни детали. Корсетираните фустани, раскошните здолништа и рачно везените апликации беа комбинирани со модернистички фризури и минималистички накит, создавајќи беспрекорни аутфити.
Металик нијансите, особено сребрените и златните тонови, се покажаа како доминантни. Со овие нијанси беа акцентирани софистицираноста и моќниот впечаток на дамите, додека деталите како светкав вез и перли, додаваа доза на драма и раскош.
Погледнете како изгледаа гостинките на Златен глобус 2025:
Никол Кидман во Balenciaga
Анџелина Џоли во McQueen
Деми Мур во Giorgio Armani
Зендаја во Louis Vuitton
Софија Вергара во Georges Chakra
Гал Гадот во Armani
Еиза Гонзалез во Gucci
Дакота Фенинг во Dolce & Gabbana
Зои Салдана во Saint Laurent
Салма Хајек во Gucci
Кејт Винслет
Ариана Гранде во Givenchy
Мајли Сајрус во Celine
Зои Кравиц во Anthony Vaccarello
Ема Стоун во Louis Vuitton
Ања Тејлор-Џој во Dior
Моли Симс во Monique Lhuillier
Памела Андерсон во Oscar de la Renta
Минди Калинг во Ashi Studio
Синтија Ериво во Louis Vuitton
Кејт Хадсон во Carolina Herrera
Хајди Клум во Maria Lucia Hohan
Наоми Вотс во Schiaparelli
Кристен Бел во Ashi Studio
Кира Најтли во Chanel
Рејчел Броснахан во Vivienne Westwood
Кара Делевин во Gucci
Кери Вашингтон во Balenciaga
Ешли Греам во Bach Mai
Тилда Свинтон во Chanel
Виола Дејвис во Gucci
Изабела Роселини во Dolce & Gabbana
Џоди Фостер во Dior
Кетрин О’Хара во Rahul Mishra
Ејми Адамс во Dolce & Gabbana
Маргарет Кволи во Chanel
Мајки Медисон во Bottega Veneta
Мелиса Мекарти во Christian Siriano
Кери Расел во Stéphane Rolland
Али Вонг во Balenciaga
Марен Морис во Carolina Herrera
Кејт Бланчет во Louis Vuitton