Неколку дена по финализирањето на разводот со Бред Пит, Анџелина Џоли се врати пред медиумските рефлектори со широка насмевка.
Холивудската ѕвезда зачекори на црвениот тепих на Златен глобус заедно со порасната ќерка Захара.
49-годишната актерка носеше блескава креација од Александар МекКвин додека позираше со 19-годишната ќерка која беше облечена во бел фустан со впечатливи флорални детали.
Џоли беше номинирана во категоријата Најдобра актерка во драма за нејзината улога во „Maria“. Ова е деветта нејзина номинација, а досега има освоено три златни глобуси за филмовите „George Wallace“, „Gia“ и „Girl, Interrupted“.