Бред Пит активно го промовира својот нов филм „War Machine“. 53-годишната ѕвезда отпатува во Токио за премиерата на сатиричниот воен филм кој ќе започне да се прикажува на Netflix на 26 мај.
За своето појавување на црвениот тепих, Пит избра целосно бел ауфит и привлече многу комплименти.






На прес-конференцијата во Јапонија, Бред истакна дека без соработката со Netflix, овој филм немаше да биде она што е. „Беше голем, храбар потег и за Netflix. Искрено, без систем како Netflix овој филм немаше да биде снимен. Или ако беше направен, ќе беше со една шестина од буџетот... Претпоставувам дека им е тешко на студијата да преземаат финансиски ризик“ - рече тој.