Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит нема да помине мирно. Славниот актер сега е под истрага од полицијата и социјалните служби на Лос Анџелес за вербално и физичко малтретирање на децата. Наводно, инцидент во авион ја поттикнал Џоли да побара развод.
Имено, според информациите до кои дојде TMZ, славниот пар со децата патувал со приватен авион кога Бред се испијанил, започнал да вика и физички да ги малтретира децата. Сведок го пријавил инцидентот и со тоа започнала истрага. Бред и Анџелина веќе биле на испрашување, а наскоро ќе бидат повикани на разговор и децата.

Истрагата е рутинска постапка при секој пријавен случај за малтретирање. Засега не е познато колку има вистина во овие информации.
Во своето соопштение до медиумите за разводот, адвокатката на Анџелина истакна: „Оваа одлука е донесена за здравјето на семејството. Таа нема да коментира засега и бара на семејството да му биде дадена приватност за време на овој тежок период.“


(19:53) Надополнето:
Полицијата на Лос Анџелес не е вклучена во истрагата, но социјалните служби го истражуваат инцидентот пријавен од анонимен сведок.