Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Благодарение на Бог син ми е добро“: Луисана Лопилато за првпат прозбори за борбата со ракот на синчето

„Благодарение на Бог син ми е добро“: Луисана Лопилато за првпат прозбори за борбата со ракот на синчето

Во ноември минатата година, Луисана Лопилато и нејзиниот сопруг Мајкл Бубле соопштија дека на нивното тригодишно синче му бил дијагностициран рак на црниот дроб.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ присуствуваше на пресконференција за нејзиниот најнов филм „Los que aman, odian“, каде за првпат јавно прозбори за тешката борба со ракот на малиот Ноа.

„Сакам да споделам со сите вас дека благодарение на Бог, син ми е добро. Секако, процесот е долг, како што знаете сите, и Ноа мора да продолжи со контроли. Но, ние сме многу среќни и многу сакаме да размислуваме за иднината, да ги гледаме нашите синови како растат. Тешко е да се зборува, бидејќи сето тоа се случи пред многу кратко време, па јас сум малку чувствителна на оваа тема“ – изјави Луисана и продолжи да ѝ се заблагодарува на филмската екипа за разбирањето и чекањето таа да може да продолжи со снимањето на филмот.

ВИДЕО:

Луисана Лопилато Луисана Лопилато

Лопилато и Бубле ги ставија своите кариери на пауза веднаш по дијагностицирањето на болеста.

Славното семејство неодамна се врати во Аргентина, откако неколку месеци престојуваше во САД, каде се лекуваше малиот Ноа.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

29-годишната аргентинска актерка и 41-годишниот канадски пејач се родители и на едногодишниот Елијас.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23932 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.