Бијонсе е жената со најголема заработка во музичката индустрија. Форбс објави дека музичката дива двојно си ја зголемила заработката во однос на претходната година, благодарение на светската турнеја, новиот албум и договорите со компании како H&M и Pepsi. Во периодот од јуни 2013 до јуни 2014, 33-годишната ѕвезда си го зголемила богатството за 115 милиони долари.
1. Бијонсе
115 милиони долари
2. Тејлор Свифт
64 милиони долари
Свифт застана на второто место на листата со заработени 64 милиони долари. Тука не влегува заработката на Свифт од новиот албум. Албумот „1989“ за една недела беше продаден во 1.287.000 примероци. Со тоа, младата пејачка сруши неколку рекорди.
3. Пинк
52 милиони долари
Во изминатиов период Пинк одржа 85 концерти низ светот, а стана и заштитно лице на CoverGirl.
4. Ријана
48 милиони долари
5. Кети Пери
40 милиони долари
6. Џенифер Лопез
37 милиони долари
7. Мајли Сајрус
36 милиони долари
8. Селин Дион
36 милиони долари
9. Лејди Гага
33 милиони долари
10. Бритни Спирс
20 милиони долари