Веста за смртта на Бора Чорба го растажи Балканот. Социјалните мрежи се преплавени со неговите песни и стихови, а многу славни личности од регионот со емотивни објави се збогуваат со музичката легенда.
Прочитајте дел од нивните објави:
Владо Ѓоргиев
„Збогум драги Боро, патувај на некое убаво место и погледни го својот дом, Ангелу Вечно да ти биде царството небесно и почивај во мир. Беше жива легенда, единствен и оригинален, голем поет и уметник. Памтам кога бев дете и ги купував плочите на Рибља чорба и уште оттогаш ја препознав твојата различност на тогаш, голема југословенска сцена. Имаше многу добра музика, добри бендови, пејачи, композитори, но ти и твојата ‘Чорба’ се истакнувавте од сите на свој начин.“
„Беше легенда, легенда и ќе останеш. Збогум драг Боро...“
„Лесна да ти биде земјата и Бог да биде со тебе. Ќе те паметиме засекогаш. Ангеле...“
Цеца Ражнатовиќ
„Збогум драги мој пријателе, легендо... За мене беше голем уметник’ – напиша Цеца.
Јелена Томашевиќ
Ребека Јанковска Ристески
„Генијален и ќе остане вечно запаметен. Една од многуте омилени. Почивај во мир легендо! Минатата година во Мусандра во ГТЦ маестрален, нè делеа 5 метри, но и денес ќе те слушаме и гледаме како никогаш да не замина. Тука си зашто остави богатство кое не старее и нема години“ - стои во објавата на Ребека.
Игор Џамбазов
Никола Перевски - Пере
„Живот jе шала, смешна игра,...“
(Од поемата „Лутка са насловне стране“)
Бора Чорба остави длабока трага во музиката и културата, како на овие балкански простори така и во светот.
Овие стихови нè потсетуваат дека животот често е полн со иронија и непредвидливост, а Бора успеа преку своите стихови и музика да пренесе многу вистини за човековото постоење.
Почивај во мир Бора.
Твоето културно наследство ќе живее засекогаш…
Марко Маринковиќ-Слаткар
Бора инспирацио моја. Твојата музика ги направи моите гитарско-паркашки ноќи незаборавни. Ти и твојата музика ми покажавте дека може и поинаку...
Пред 10 години успеавме да го донесеме во Ново Лисиче за да свири на еден фестивал, а пред тоа да седне во една маалска кафана.
Ја имав честа да го запознам, да го сретнам неколкупати, па дури и да гостувам со него во емисија.
Почивај во мир легендо.