Блејк Лајвли е една од ѕвездите кои секогаш знаат како да остават впечаток на важните настани.
На премиерата на нејзиниот најнов филм „It Ends With Us“ во Лондон, 36-годишната актерка изгледаше беспрекорно во цветна светкава креација, која ѝ го истакна деколтето. Фустанот од високата мода на Тамара Ралф доаѓа во комбинација со впечатлива црвена наметка со пердуви и салонки од Кристијан Лобутин.
Убавата актерка доби само комплименти од фановите со кои се фотографираше на настанот. Една млада обожавателка ја имаше честа накратко да ја носи наметката на Блејк и беше пресреќна.
Во филмот „It Ends With Us“, Блејк ја има главната улога на Лили Блум, која е сопственичка на цвеќара. Токму цветните мотиви се составен дел од промотивната турнеја на филмот.