Перо Антиќ и Сања Ристиќ деновиве присуствуваа на неколку промотивни настани.
Македонскиот пар, кој наскоро ќе ја прослави првата годишнина од врската, сподели фотографии од нивните најнови излегувања.
„Бескрајна љубов“ – напиша Сања на една од фотографиите со поранешниот македонски кошаркар.
Минатиот месец, Сања објави уште една фотографија со Перо на која напиша: „Не знам за вашите срца колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама моето е за медаља, ги собира сите овие 211цм“.
Антиќ претходно беше во брак со Ружица Максимовска со која има 3 сина. Ристиќ пак пред неколку години стави крај на бракот со ракометарот Дејан Пецаковски со кого има 2 сина.