Бен Афлек повторно си ја врати енергијата и насмевката на лицето.
Славниот актер беше фотографиран во добро расположение со поранешната сопруга Џенифер Гарнер и две од нивните деца.
На папараци фотографиите од Конектикат, 52-годишниот актер се смешка покрај Џенифер, Вајолет и Фин.
Афлек изминатиот период е во фокусот на медиумите поради неговата разделба од Џенифер Лопез, за која и двајцата сè уште немаат дадено никаков коментар. Тие веќе не живеат заедно, а Бен сега живее во куќа под наем во близина на Гарнер и децата.