Токму кога сите си помислија дека Ријана влезе во мирна романтична врска, новите вести на странските таблиоди објавија дека можеби Мет Кемп не е најдобриот избор за Ријана.
Очигледно Ријана обожава лоши момци, затоа што стана јасно дека и Мет бил замешан во скандал за насилство кон неговата бивша девојка.
Во јуни 2008 година, бившата девојка на Мет, Фелиша Терел, поднела барање за привремена забрана за приближување од страна на безбол играчот. Таа наводно била подложена на постојани закани и навреди од Кемп.
„Тој им нареди на неколку луѓе да ми се јавуваат, да ме следат и се плашам за својот живот“ – изјавила Фелиша.
Во врска со објавувањето на оваа вест, менаџерот на Кемп изјавил дека обвинувањата на Фелиша се лажни и дека безбол играчот е особено внимателен во односите со Ријана, затоа што е свесен низ што поминала младата пејачка.
Да се надеваме дека нема да ѝ се повтори скандал како оној со Крис Браун мината година.