Драмата околу љубовниот триаголник меѓу Крис Браун, Ријана и Каруше Трен продолжува. Во новото видео „The Real Chris Brown“ Крис зборува отворено за своите вистински чувства кон Ријана.
„Кога имаш минато со некого, а потоа се вљубуваш во некој друг, тешко е. Има ли такво нешто како да сакаш две личности? Не знам дали тоа е можно, но за мене, јас се чувствувам токму така“ – вели Крис.
Во видеото Ријана и Крис се прегрнуваат во ноќен клуб, но исто така се прикажани снимки на кои Крис е со девојката на која ѝ раскина вчера.
По објавувањето на видеото, Трен, очигледно вознемирена, напиша на Twitter: „Што се случува тука? Само сакам да кажам... Не треба да си играш со вистинските чувства на луѓето. Едноставно не треба! Животот продолжува понатаму.“
Вчера Крис соопшти дека ја прекинува врската со Каруше, поради пријателството со Ријана. Сепак, речиси е сигурно дека Крис и Ријана повторно се повеќе од пријатели.