Вчера се одржа свеченото доделување на BET (Black Entertainment Television) наградите. Најголем победник на вечерта беше Крис Браун, кој успеа да грабне 5 награди, меѓу кои и наградата за Видео на годината и Најдобар машки R&B изведувач.
Но, вечерта ќе остане запаметена по гафот со доделувањето на наградата Coca-Cola Viewers' Choice (Изборот на гледачите), кој во најмала рака ја збуни публиката. Презентерката прво со чудна гримаса на лицето го прогласи за победник Крис Браун, а потоа брзо се премисли и ја прогласи за победничка Ријана. „Жалам, победникот е Ријана“ – објави таа.
Сепак, и тоа не беше точно. Другиот презентер брзо го прогласи Дрејк за победник и 24-годишниот пејач дојде на сцената и го прими трофејот. Оценувајќи ја ситуацијата како непријатна и незгодна, Дрејк одржа краток говор.
И, ако си мислите дека ова е крајот на пресвртите, се лажете. Нешто подоцна Крис Браун беше прогласен за вистински победник.
Погледнете ја непријатната ситуација:
Меѓу другите победници се најдоа и Ники Минаж и Кание Вест кои бе прогласени за Најдобар женски Hip-Hop изведувач и Најдобар машки Hip-Hop изведувач.