Џенифер Лопез привлекуваше погледи на овогодишното доделување на наградите Греми.
На престижната манифестација, 53-годишната пејачка носеше тегет креација со длабоко деколте од Gucci која ѝ ги истакна тонираните нозе. Својот изглед таа го комплетираше со накит од Bulgari.
Славната музичарка беше придружувана од својот сопруг Бен Афлек.
Парот седеше на иста маса со Двејн Џонсон и неговата сопруга Лорен Хашијан.
Лопез се качи на сцената за да му ја додели на Хари Стајлс наградата за Најдобар вокален поп албум за „Harry’s House“.