Анџелина Џоли уште еднаш покажа дека има големо срце. Додека чекореше на црвениот тепих во Венеција, 49-годишната актерка одеднаш запре и клекна на колена за да се запознае со обожавател со амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Овој момент беше овековечен со фотографии и видеа од насобраните фоторепортери.
Џоли доби многу пофалби за својот гест и за тоа што издвои време од својата премиера, за да му посвети внимание на овој млад фан.
АЛС е прогресивна невродегенеративна болест која ги зафаќа нервните клетки во мозокот и 'рбетниот мозок, кои ги контролираат мускулите кои ни овозможуваат да се движиме, зборуваме, голтаме и дишеме.
Angelina Jolie kneeling down at red carpet of Venice Film Festival to meet a fan with ALS.
— EXECUTIVE MEDIA (@EXECUTIVEXMEDIA) August 29, 2024
pic.twitter.com/s9jkAIxHo5
На овој ден од Филмскиот фестивал во Венеција се прикажуваше филмот „Maria“, во кој Џоли ја глуми оперската пејачка Марија Калас.