Антониа Гиговска го слави Меѓународниот ден на жената.
22-годишната пејачка, која го очекува своето прво дете, сподели фотографии на кои го покажа пораснатото трудничко стомаче. Во раката, таа држи црвена роза.
Гиговска испрати порака до сите девојки и жени.
„Среќен 8-ми Март на сите девојки и жени. Бидете здрави, живи и секогаш насмеани. Посебни сте во секоја смисла на зборот“ – напиша таа.
Антониа објави дека е бремена во јануари. Тогаш таа сподели и дека го прифати предлогот за брак од нејзиниот сакан Роберт Спасенцовски.