Антониа Гиговска со ултра долга коса и секси долна облека го разбуди љубопитството на фановите.
Македонската пејачка подготвува нова музика, а со најновите Instagram фотографии го најави претстојниот спот во кој очигледно ќе се појави во улога на заводничка.
„Nek te druga sada gosti, briga me, briga me...“ – пишува таа.
Ова ќе биде прв музички спот на Гиговска по кратката пауза која ја направи во кариерата за да се посвети на малиот син Киан.
Талентираната музичарка го донесе на свет првото дете пред четири месеци.