Џенифер Анистон смета дека една жена може да биде добра мајка и да создаде здраво семејство, дури и ако нема маж покрај себе.
На прес-конференција во Беверли Хилс таа застанала во одбрана на својот лик од нејзиниот најнов филм „The Switch“ и изјавила дека ја одобрува постапката мајките со статус сингл да забременуваат со помош на донор на сперма.

“
Жените сè повеќе сфаќаат дека не мора да се здомат со маж само за да имаат дете. Времињата се променија и убавото е што денес имаме толку многу опции, за разлика од времето на нашите родители, кога не можеше да имаш деца затоа што си чекал многу време.
41-годишната актерка додала и дека секој тип на семејство може да израсне здрави деца.
„Поентата на филмот е: Што е тоа што го дефинира едно семејство? Не е неопходно тоа да е традиционалното мајка, татко, две деца и куче по име Спот. Љубовта е љубов и семејството е она што е околу тебе и оној кој е во твоја непосредна близина“ – додала познатата актерка.